Компанијата DJI се подготвува да ги подигне стандардите кога се работи за фотографирање и снимање од восдух, а тоа има намера да го направи и со новиот флегшип дрон.
Се работи за претстојниот дрон Mavic 3 Pro кој поседува две камери наместо една и драстично подобрена батерија која трае подолго.
Новиот дрон пристигнува на пазарот во ноември и ќе претставува значаен чекот напред во однос на Mavic 2 Pro стар три години и Mavic Air 2S кој е претставен претходно оваа година.
Стандардните дронови на DJI обично можат да поминат 30 минути во воздух, по што е потребна замена или полнење на батеријата, но новиот Mavic 3 Pro ќе може да помине 46 минути во лет. Тоа е значително подобрување, особено ако се земе предвид фактот дека ќе носи дополнителен хардвер, односно уште една камера со своите сензори и леќи, така што корисникот на располагање во истиот дрон ќе има телефото и широка камера од 20, соодветно 12 MP. Затоа, јасно е дека Mavic 2 Pro го нуди најдоброто од она што го имаа беспилотните летала Mavic 2 Pro и Mavic 2 Zoom.
Се чини дека дронот ќе може директно да се полни преку USB-C кабел како мини дроновите на DJI, односно без потреба да се вади батеријата. Тежината на дронот е 920 грама.
DJI има намера да понуди два модела на новиот дрон, Mavic 3 Pro и Mavic 3 Cine, кои ќе имаат вградена SSD меморија и нова верзија на Smart контролерот на DJI со интегриран екран и унапреден OcuSync видео пренос со досег од 15 километри. Досегот за Mavic 2 Pro и Air 2S изнесуваше 10, односно 12 километри.
Ќе може да снима 5.2К видео, а цената ќе изнесува најмалку 1.600 долари кога ќе почне продажбата на 15. ноември. Цената се очекува да „порасне“ за околу 1.000 долари во случајот на моделот Cine.