И овогодинешното доделување на Game Awards се одржа во Microsoft Theater во Лос Анџелес и е прв настан од ваков тип од почетокот на пандемијата на коронавирус. Избрани се најдобрите игри, а победник е Elden Ring.
Elden Ring беше номиниран во седум категории, а покрај титулата за најдобра игра во 2022 година, освои и награди за режија, уметничка режија и „role-playing“. Пред ова, студиото FromSoftware ја освои наградата и игра на годината во 2019 година, со наслов Sekiro: Shadows Die Twice.
Оваа година, следните наслови беа номинирани за најдобра игра:
Elden Ring (FromSoftware/Bandai Namco)
A Plague Tale: Requiem (Asobo Studio/Focus Entertainment)
God of War Ragnarök (Sony Santa Monica/SIE)
Horizon Forbidden West (Guerrilla Games/SIE)
Stray (BlueTwelve Studio/Annapurna)
Xenoblade Chronicles 3 (Monolith Soft/Nintendo)
Ова не е првпат Elden Ring да се најде на врвот на листата на најдобри игри оваа година, а насловот добива позитивни критики и од стручните рецензии и од гејмерската јавност.
„Кога станува збор за Elden Ring, сè уште има работи што сакаме да ги правиме, така што оваа награда GOTY навистина не охрабрува“, рече Хидетака Мијазаки – директор на играта.