Индустријата за видео игри постојано се развива, но основната константа е дека без разлика колку е добра играта, најверојатно ќе се продаде помалку од насловот Call of Duty од таа година.
Ова е случај откако жанрот FPS стана популарен кон крајот на 2000-тите, и оттогаш има само неколку исклучоци. Elden Ring е само еден од тие исклучоци.
Секој месец, NPD Group ја објавува својата месечна статистика на пазарот на игри во Соединетите Држави – вториот најголем пазар за видео игри во светот. Сега се објавени статистиките и пазарните анализи за април.
„Elden Ring беше втора најпродавана игра во април 2022 година (во САД). Elden Ring останува најпродавана игра досега во 2022 година и го помина Call of Duty: Vanguard како најпродаван премиум наслов во последните 12 месеци“, рече Мат Пискатела од NPD.
Набргу по пристигнувањето на играта, беше објавено дека Elden Ring стана најпродавана во 2022 година со над 12 милиони продадени копии. Од друга страна, Call of Duty сè уште е супериорен кога станува збор за продажбата во изминатите 12 месеци (Vanguard беше објавен во текот на 2021 година).
Сигурно е интересно да се види како Elden Ring сега го надминува Call of Duty на различни фронтови. До 31 март, Elden Ring продаде вкупно 13,4 милиони примероци.