Facebook и Ray-Ban заеднички работеле на креирањето на новите паметни очила. Двете компании ги нарекоа Ray-Ban Stories, а доста потсжжетуваат на Snapchat Spectacles.
Фотографиите на очилата ни нудат увид во три различни дизајни на рамките, кои ги носат имињата Wayfarer, Round и Meteor. Паметните очила имаат две камери вградени од двете страни на рамките, а тука е и копчето на десната страна на рамките кои ќе му овозможат на корисникот да ги бележи важните моменти.
Ray-Ban Stories немаат екрани ниту поддршка за AR функциите, меѓутоа Марк Цукерберг истакна дека очилата ќе „овозможат да се прават некои прилично интересни работи“.
Цукерберг претходно спомена дека сака компанијата во иднина да креира очила со целосна проширена реалност, сугерирајќи дека напредните AR технологии и очила се моментно во развој.