Целосно нов буџетски Realme телефон се појави на FCC листингот, откривајќи го дизајнот и главните карактеристики на уредот. Сè уште необјавениот телефон Realme RMX3261 претходно беше забележан во базите на податоци на разните оператори во Азија.

Realme RMX3261 има дисплеј со засек, додека на задната страна има три отвори на камерата, како и LED блиц. Скицата прикажува и сензор за отпечаток од прст на задната страна, како и слот за тројна SIM-картичка.

Останатите спецификации на телефонот вклучуваат батерија од 4880mAh со поддршка за 18W полнење и Android 11 со Realme UI 2.0 интерфејс. Уредот има должина од 173,9 мм и ширина од 75,96 мм.

Врз основа на гласините, се очекува дека RMX3261 ќе биде следниот модел во рамките на Realme C буџетската серија телефони..