Дека Forzа Horizon 4 е можно да се игра со помош на електронски тапани, покажа YouTube влогерот „Teenenggr“.
Својата демонстрација „Teenenggr“ ни ја претстави во четириминутната видео снимка.
За вртење лево и десно, јутјуберот искористи два тапани кои наредбите ги регистрираат преку удари, а гасот и сопирачката се контролираат со педалите.
Интересно е тоа што Forza Horizon 4 и на овој начин може да се игра, а иако постојат потешкотии, играчот може да биде компетентен со останатите играчи кои ја користат вообичаената опрема за контролирање.