Паметните телефони на Samsung – Galaxy Note 20 5G и Z Flip 5G сега се достапни во нови варијанти на бои.

Note 20 е можно да се купи во црвена, а Z Flip во бела боја. Меѓутоа, треба да се напомене дека Samsung ќе продава само ограничен број на уреди во споменатите бои, како и дека нема разлики во спецификациите и цените во однос на претходно достапните примероци.

Note 20 така ја доби четвртата боја, бидејќи веќе е достапен во бакарна, зелена и сива боја, а Z Flip е сега можно да се купи во бела боја, покрај бакарната и сивата.

Ултра верзијата на Note 20 веќе е достапна во бела и црна боја, а 4G верзиите на Z Flip во црна, розе и златна.

Се шпекулира дека следната година нема да видиме нови модели од Note линијата и дека Samsung во целост ќе ја укине оваа серија. Наместо тоа, поддршка за S Pen ќе добие наследникот на моделот Galaxy S20 Ultra.