Познатиот дојавувач Ice Universe објави детали за некои од главните карактеристики на претстојните телефони од серијата Galaxy S22. Се сугерира дека целокупниот дизајн на уредот ќе претставува одредена еволуција во споредба со изгледот на актуелната Galaxy S21 серија.
Кога станува збор за дисплејот, се очекува Samsung да го претстави Galaxy S22 со екран од 6,01 инчи, S22+ со екран од 6,55 инчи, додека моделот S22 Ultra ќе добие дијагонала на екранот од 6,81 инчи. Сите модели ќе бидат украсени со панели со стапка на освежување од 120Hz. Моделот „Ultra“ ќе биде достапен само со QHD+ резолуција и LTPO екран што ќе овозможи динамично освежување, што пак ќе понуди подобрено управување со животниот век на батеријата.
Кога станува збор за камерата, Galaxy S22 и S22+ ќе имаат ист главен сензор од 50MP 1 / 1.55 инчи, заедно со телефото со 12MP со оптички зум 3x и ултра-широка камера од 12MP. S22 Ultra од друга страна, ќе користи главна камера од 108MP, со три дополнителни сензори од 12MP – телефото со 3 пати оптички зум, перископ со 10x оптички зум и ултра -широк сензор.
Капацитетите на батеријата кај моделите S22 и S22+ ќе бидат помали од оние на моделите S21 и ќе бидат 3.800mAh и 4.000mAh, додека Galaxy S22 Ultra ќе го задржи капацитет на батерија од 5.000mAh. Брзините на полнење на овие батерии не се споменати во овој извештај.
Конечно, дојавувачот @FrontTron сугерира дека Samsung ќе имплементира Snapdragon 898 чипови во Galaxy S22 уредите.