Gboard ја објави функцијата прв пат забележана во август, а во прашање е „искуството на подобрено гласовно пиѓување“, кое пристигнува во пакет со Google асистентот, што може да се најде на најновите Pixel телефони.

Новата функција, сепак, не работи на сите уреди, а меѓу првите на кои ќе се појави се Pixel 4/XL, Pixel 4a и Pixel 5. Се опишува како опција што го штеди времето со помош на новиот асистент, па корисниците преку командата „Clear“ можат да го избришат транскрибуваниот текст, без потреба тоа да го прават рачно со backspace копчето. Тоа засега е единствената активна команда, а се претпоставува дека наскоро ќе може да се користи и „Send“. Тука е и опцијата која автоматски додава интерпункција во текот на диктирање текст, што е приличен напредок, бидејќи претходно беше потребно да се изговори „запирка“ или „точка“ за саканите знаци да се вклучат во пораката.

Новата функција на почетокот на ноември стигна на Pixel телефоните што го имаат новиот Google асистент, и последната Gboard бета (10.0+) верзија.