Неодамна, имаше знаци дека оваа недела ќе добиеме нови информации за играта God of War: Ragnarök.

Голем број протекувања сугерираат дека можеби ќе добиеме конкретен датум за објавување на играта, а можеби дури и нов трејлер. За жал, се чини дека овие планови дополнително се одложени.

Кори Барлог, директор на франшизата God of War, побара повеќе трпение на Твитер, истакнувајќи: „Почитувани, доколку зависи од мене би ги споделил сите информации што ги имам. Но, тоа не зависи од мене. Ве молиме бидете трпеливи”.

Барлог додаде дека деталите ќе бидат објавени што е можно поскоро. Ова е одговор на неодамнешните гласини, кои сугерираа дека датумот на објавување на играта ќе биде објавен на 30-ти јуни. Иако оваа информација дојде од угледен извор, па се чини дека тоа навистина беше планираниот датум за објавување, на тимот што работи на играта сепак се чини дека му треба повеќе време.

God of War: Ragnarök првично требаше да излезе во 2021 година, а потоа беше одложена за 2022 година. Играта во моментов се очекува да излезе во ноември, но со оглед на сите околности и доцнењето, не би било изненадување ако изданието биде одложено за 2023 година.