Google во новата блог објава најави нови функции, кои во текот на ова лето ќе им бидат достапни на сите Android корисници и нема да бидат лимитирани само за Pixel уредите.

Android Earthquake Alerts System сега ќе биде достапен глобално. Луѓето во погодените области можат да добиваат известувања и предупредувања за претстојните земјотреси. Функцијата досега беше достапна само за Нов Зеланд и Грција, а сега пристигнува уште во неколку земји.

Пораките во Messages апликацијата ќе биде можно да се обележат со ѕвездичка, за полесно да се пронајдат подоцна. Потребно е само да се притисне и да се држи пофолго на пораката, а потоа да се избере ѕвездичката. Тука е и новата “Starred” категорија во која се сместени пораките со ѕвездички.

Contextual Emoji Kitchen сугеститте се достапни во Gboard beta верзијата, а во стабилната верзија на апликацијата за тастатура пристигнуваат во текот на летото за пораките кои се пишуваат на англиски, шпански и португалски јазик и на уредите со Android 6 или понова верзија.

Google Assistant сега може да го однесе корисникот на посебни места во рамките на апликацијата, а командата „hey Google, shortcuts“ се користи за целосната листа на опции.

Voice Access сега во бета има опција за пристап со поглед, така што е можно да ја извршите функцијата само со гледање на екранот. Гласовниот пристап овозможува и брза и ефикасна навигација на телефонот и апликациите само преку глас. Тука се и подобрените опции за внесување лозинки.

 

Android Auto искуството сега нуди повеќе опции на прилагодување. Можно е да се рилагоди почетниот екран на смартфонот и рачно да се прилагоди темниот режим. Олеснето е и пребаарувањето на содржини, а во Android Auto апликацијата е можно да се користи и EV полнење, паркирање и навигација.