Автоматската компресија на документи и разговори е резултат на посветеноста на Google за развој на вештачка интелигенција.

Google го олеснува начинот на читање на големи документи, со воведување резиме, функција која наскоро ќе пристигне во Google Docs, пренесува Engadget.

Функцијата се потпира на машинско учење за да го раздели документот и да ги истакне клучните информации во пократок формат. Google првпат ја објави функцијата за резиме уште во март, но потврди за време на овогодинешната I/O конференција дека е многу блиску до јавно деби.

Директорот на Alphabet, Сундар Пичаи, објасни за време на говорот дека автоматското резиме користи јазично разбирање, компресија на информации и генерирање природен јазик за да ја постигне својата цел.

Иако засега станува збор само за Docs, Google објави и резиме за Google Spaces и Chat каде што ќе може да ги компресира разговорите низ кои би се движеле со часови.