Компанијата Google работи напорно за да ја направи апликацијата Google Maps што е можно покорисна, одвреме навреме воведувајќи нови функции, а една само што стана достапна.
Google претстави низа подобрувања во апликацијата Maps што треба да ја направат покорисна во различни ситуации. Новина е секако воведувањето на AR навигациската алатка Live View за некои затворени локации, како што се одредени трговски центри, аеродроми, транзитни станици и слично. Исто така, приоритет имаат еколошки поприфатливите рути, а додадени се и податоци за времето и квалитетот на воздухот. Интегрирани се и опциите за преземање и достава, кога станува збор за продавниците за храна.
We’re excited to team up with @googlemaps & become the first airport to offer Indoor Live View to passengers and shoppers. We believe that the new feature will help our guests to easily find their way around Zurich Airport and us to provide a seamless travel experience. https://t.co/9DsLVXgxMU
— Zurich Airport (@zrh_airport) March 30, 2021
Live View е AR можност која на корисникот му овозможува на корисникот точно да ја види својата дестинација, со насочување на камерата кон неговото опкружување, по што ќе му бидат прикажани упатства за навигација. За да се овозможи ова, Google разви целосно нова технологија наречена глобална локализација, која користи AI за скенирање на десетина милијарди фотографии од street view и ги мапира со слика на мобилниот телефон за да го лоцира корисникот. Google ја прилагоди технологијата за прецизно о утврдување на висината и локацијата на објектот во зградата. Оваа нова опција може да се користи на пример на аеродром, кога корисникот бара порта или кога бара одреден ресторан во трговскиот центар. Исто така, ќе му помогне да го пронајде најблискиот лифт, скали, банкомат, тоалет, шалтери за пријавување, продажни места за билети и многу повеќе.
Indoor Live View е достапен во одредени трговски центри во САД лоцирани во Њујорк, Лос Анџелес, Чикаго, Сан Франциско, Сан Хозе, Сиетл и Лонг Ајланд. Во следните месеци ќе се прошири на избрани транзитни станици, трговски центри и аеродроми во Токио и Цирих, а потоа и на останатите локации.
Google Maps updated with additional indoor navigation options. Including a AR layer at airports for instance. Read about the update https://t.co/fzGkViCVba #wayfinding #googlemap #liveview pic.twitter.com/bOdsT065Ug
— Sander Baumann (@designworkplan) March 30, 2021
Фокусот е ставен на и екологијата, така што апликацијата ќе понуди рута што е најеколошки најприфатлива. Оваа опција ќе биде достапна од јуни во Германија, Франција, Шпанија, Холандија и Велика Британија, а потоа и во другите земји низ светот.
Google работи на приказ на сите транспортни рути на истата страница без потреба од посебни табови за рутите за автомобили, јавен превоз и пешачење.