Најновата бета опција во Google Search прикажува резултати од видеата од социјалните мрежи Instagram и TikTok. Корисниците наскоро ќе можат да гледаат содржина од овие две платформи директно од Search апликацијата, без потреба да отвораат самостојна Instagram или TikTok апликација.

Функцијата во моментов пристигнува до ограничен број мобилни корисници и е достапна само за некои резултати од пребарувањето, меѓу кои се и NFL тимовите. Новата видео-содржина ќе биде достапна во посебен „Short videos“ карусел, под пребарувањето, слично на Top stories, Top results и Twitter results.

Откако корисникот ќе го отвори Instagram/TikTok видеото од полето за пребарување, ќе биде пренасочен на веб преглед за соодветната платформа во рамките на апликацијата Search апликацијата. Се очекува Google да додаде повеќе термини за пребарување и повеќе кратки видео формати во наредниот период. Засега не е познато кога функцијата ќе биде достапна за сите корисници.