Huawei почна со тестирање на третата бета верзија на HarmonyOS платформата претходно овој месец, а во подготовка има уште еден тест. Претстојната верзија ќе биде достапна од 31. март и ќе биде финална бета.

Компанијата сега објави дека стабилната верзија на HarmonyOS ќе биде достапна во април, а флексибилниот Huawei Mate X2 телефон ќе биде првиот што ќе го добиое ова ажурирање. Телефонот е оригинално објавен со Android 10. По овој модел се очекуваат и други уреди да го добијат HarmonyOS.

Huawei P50 телефоните беа во план први да го користат HarmonyOS, но најсвежите информации сугерираат дека објавата на оваа линија уреди е одложена за мај. Тоа на HarmonyOS платформата и дава прилика некое време да биде на пазарот, пред да се појави на премиум линијата смартфони.