Honor ќе ја прескокне 40 серијата и веднаш ќе го објави Honor 50 моделот. Серијата ќе биде претставена во текот на мај, а премиум модел во понудата ќе биде Honor 50 Pro+. Сега тимот што стои зад Master Lu бенчмарк, ги откри спецификациите на телефонот.
Honor 50 Pro+ ќе биде вистински премиум модел. Ќе има 6,79-инчен AMOLED дисплеј, со 1440+ резолуција и 120Hz стапка на освежување (со HDR10+ поддршка). Ќе користи Magic UI 4.0 интерфејс, иако во овој момент не е познато дали ќе има поддршка за Google сервисите.
Телефонот ќе го покренува Snapdragon 888 чипсет, во комбинација со LPDDR5 RAM (8GB изгледа дека ќе биде основен капацитет) и UFS 3.1 складирање (почетно 128GB).
Кога се во прашање камерите, на задната страна ќе се најде главен сензор од 50MP, 13MP ултраширок сензор и 8MP телефото. Ќе постои и 3D ToF сензор. Од предната страна ќе се најдат 32MP + 8MP камери, сместени во punch-hole отвори.
Honor 50 Pro+ ќе го напојува 4400mAh батерија, со поддршка за брзо 66W полнење и брзо 50W безжично полнење. Нема информација за цената на телефонот.