Според наводите на еден германски сајт, телефонот ќе го носи името Honor X8, а се очекува ова да биде ребрендираниот Honor X30i, кој претходно е претставен во Кина.
Објавен е и рендер од уредот, кој покажува дека задната страна на уредот ќе го краси систем со четири камери и LED блиц во средина.
This is the new Honor X8 (4G variant of X30i for the rest of the world, looses 5G, gains a camera sensor): https://t.co/af7CQfOjhE
— Roland Quandt (@rquandt) February 24, 2022
Се најавува и една битна измена во однос на X30i модел. Се сугерира дека Honor X8 ќе биде 4G телефон, а не 5G како што е Honor X30i.
Се очекува дека останатите спецификации ќе бидат идентични кај двата модела, а вклучуваат батерија од 4000mAh (22,5W брзо полнење), IPS LCD екран со 90Hz освежување и 48MP главна камера.
Цената на телефонот на европскиот пазар би можела да изнесува околу 200 евра. Honor X8 би можел да биде претставен во текот на MWC 2022 конференцијата.