Како дел од денешниот настан, Huawei претстави и колекција нови уреди, како што се паметни часовници и таблети базирани на HarmonyOS 2, вклучувајќи ги новите серии Huawei Watch 3 и Huawei MatePad Pro
Huawei ја претстави серијата нови производи базирани на HarmonyOS 2, што им овозможува на корисниците пристап до вистинско интелигентно искуство на повеќе уреди во различни сценарија.
„Еден за сите, сите за еден. Живееме во свет каде што сè е поврзано и интелигентно. Никој не може да остане настрана од овој свет”, вели Ричард Ју, извршен директор на Huawei Consumer Business Group. „Премиерата на нашиот HarmonyOS со колекцијата нови производи е уште еден пример за неуморната посветеност да го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство засновано на погледот кон иднината”.
Во моментов постојат невиден број паметни уреди во нашите животи, но карактеристиките што тие ги нудат не се секогаш толку паметни. Индивидуалните системи честопати ја комплицираат поврзаноста и операциите, што доведува до ситуација на фрагментација на корисничкото искуство.
HarmonyOS е создаден да го реши овој проблем. Ова е оперативен систем од новата генерација дизајниран за паметни уреди. Како таков, обезбедува заеднички јазик за различни типови уреди, помагајќи им да се поврзат и да соработуваат едни со други за да му понудат на корисникот попогодна, непречена и безбедна работа. HarmonyOS користи дистрибуирана софтверска технологија која им овозможува на претходно независните уреди буквално да се спојат во еден “супер уред”. Слободно ги користи можностите насвоите составни уреди според потребите на корисникот и обезбедува нов вид на поврзување преку хардверска интеграција и Service Widget-и.
Како дел од денешниот настан, Huawei претстави и колекција нови уреди, како што се паметни часовници и таблети, засновани на HarmonyOS 2, вклучувајќи ги новите серии HUAWEI WATCH 3 и HUAWEI MatePad Pro.
Huawei Watch 3: Паметен асистент со моќност на смартфон
Новата серија часовници, HUAWEI WATCH 3, ја редефинира модата што ја носите на вашиот зглоб. Со закривен стаклен екран и тело од не’рѓосувачки челик, стилскиот часовник доаѓа со потполно нова круна, чувствителна на различни нивоа на допир. Така, часовникот не е само удобен за носење, туку и лесен за ракување. Серијата HUAWEI WATCH 3 овозможува да примате и реализирате телефонски повици и да слушате музика, и да го споделите телефонскиот број и планот за претплата на вашиот паметен телефон.
Како прва серија паметни часовници со HarmonyOS, HUAWEI WATCH 3 непречено се интегрира со паметните телефони на Huawei и станува мултифункционален асистент. Можностите се ограничени само од имагинацијата, а специфичните примери зависат од локалните апликации, операторите и другите услуги. Во Кина, на пример, на часовникот ги имате сите информации за летот и патот од аеродромот до вашиот дом, а доколку користите јавен превоз, и часовникот и вашиот паметен телефон ќе ве потсетат дека се приближувате до станицата која ви е потребна.
Серијата HUAWEI WATCH 3 е професионален менаџер за фитнес и здравје што поддржува до 100 режими за тренинг. Уредите се опремени и со прецизен сензор за температура. Регистрира пад и SOS функции, кои се дел од здравствената заштита во реално време, се исто така поддржани. Часовникот можете да го користите и како потсетник за работи што лесно се забораваат, на пример да се напиете вода или да земете лекови.
За крај, серијата HUAWEI WATCH 3 се карактеризира со исклучително долг век на траење на батеријата. Со HUAWEI WATCH 3 Pro трае 5 дена во смарт режим и до 21 ден во специјален Ultra-long battery режим, а со HUAWEI WATCH 3 – 3 дена во смарт режим и 14 дена во Ultra-long battery режим.
Huawei MatePad Pro: перформанси што ги рушат границите на креативноста
Новиот HUAWEI MatePad Pro доаѓа со импресивен 12,6-инчен OLED FullView Display со сооднос на екранот и телото од 90% – највисок меѓу таблетите достапни на пазарот. Благодарение на дистрибуираните можности за управување и распоред на податоци на HarmonyOS, HUAWEI MatePad Pro може да работи непречено со паметни телефони и компјутери за да ја зголеми вашата продуктивност и креативност во различни сценарија, без разлика дали сте во канцеларија или надвор. HUAWEI MatePad Pro поддржува Multi-screen Collaboration помеѓу таблет и компјутер. Во режимите Mirror и Extend, тој може да дејствува како табла за цртање и дисплеј. Исто така, поддржува влечење елементи помеѓу различни уреди за поефикасна работа со нив.
Сосема ново интерактивно искуство: полесно за употреба и попаметно од кога било
Интеракцијата со HarmonyOS го олеснува управувањето со повеќе уреди исто како и управувањето само со еден уред. Новиот Multi-device Control Panel поддржува интуитивно поврзување преку drag-and-integrate, овозможувајќи лесно поврзување на уредите во специфични сценарија.
На пример, ако сакате да гледате филм доцна во ноќта, сè што треба да направите е даотворите Control Panel и да ја повлечете иконата за паметен екран врз иконата на телефонот – филмот ќе “скокне” директно од телефонот на телевизорот. Ако носите HUAWEI FreeBuds 4, можете да ја повлечете иконата за слушалки кон таа од вашиот телефон и така филмот ќе тече на ТВ екранот, но звукот ќе се пренесува преку вашите FreeBuds. Ова е само еден пример за тоа како работи виртуелениот “супер уред”.
Новиот Multi-device Task Center на HarmonyOS им овозможува на апликациите да мигрираат помеѓу различни уреди без да бидат инсталирани на кој било од нив, со сите карактеристики и услуги достапни кога и каде се потребни. На секој уред што е дел од “супер уредот”, можете да видите кои задачи се извршуваат на секој од уредите вклучени во системот . Ако ви треба поголем дисплеј за игри на телефонот, можете едноставно, соswipe нагоре, да отидете во Overview Screen, а потоа да ја пренесете играта на вашиот HUAWEI MatePad Pro.
Новиот Home Screen на HarmonyOS е почист и поорганизиран од кога било. Може да ги влечете апликациите нагоре за да генерирате додатоци со лесно достапни информации во реално време, визуелно прикажани, без да мора самите да ги отворате апликациите. Големината и распоредот на додатоците можете да ги прилагодите по ваш вкус. Додатоците исто така може да се користат за пристап до услугите без да преземате и инсталирате – многу лесен начин за пристап до новости, на пример.
HUAWEI HiLink е надграден во HarmonyOS Connect за да овозможи паметна функционалност на повеќе уреди од други производители. Насочете го вашиот паметен телефон кон Midea фурна базирана на HarmonyOS и изберете рецепт за да започнете со готвење веднаш. Добијте информации за храната во вашиот фрижидер, доколку е од брендот Haier, кој автоматски ја прилагодува температурата. Секогаш имајте совршено млеко од соја од машините Joyoung, кои можат да препорачаат рецепти засновани на податоците во вашата Health app. Работејќи заедно, овие врски можат да ја претвораткујната во ваш личен нутриционист.
Високи перформанси и високо ниво на безбедност и заштита на личните податоци
Главниот приоритет на Huawei е да ги заштити безбедноста и приватноста на потрошувачите. HarmonyOS ги наследува и се базира на водечките безбедносни технологии на EMUI. Основниот принцип е јасен – само вистинската личност (корисникот) може да пристапи до податоците од уредот, што гарантира безбедност на секој пристап до секој уред, како и на какво било дејство за складирање, пренесување или употреба на податоците во различни сценарија.
На денешниот настан, Huawei исто така ги претстави FreeBuds 4 – новата генерацијаполуотворени Bluetooth слушалки со активно намалување на бучавата и два монитори од висока класа – MateView и MateView GT.