Huawei во текот на својата конференција за програмери објави дека повеќе од 150 милиони уреди сега го користат оперативниот систем HarmonyOS на компанијата. Ова ја прави платформата најбрзо растечки оперативен систем во историјата, истакна Ричард Ју, извршен директор на Huawei.

Беше истакнато и дека е објавен HarmonyOS 3 Developer Preview, кој има за цел да ги подобри трите главни насоки на платформата – системска архитектура, супер терминали и употреба на повеќе уреди во рамките на истиот екосистем.

За време на конференцијата, Huawei ја претстави новата флексибилна алатка за примена на автоматизација, која програмерите можат да ја користат за различен хардвер за да ги комплетираат перформансите на оперативниот систем. Тука е и Ark UI 3.0 framework за развој, што ја намалува количината на код, додека DevEco Studio 3.0 ја подобрува ефикасноста на развојот на вкрстени апликации, а новиот SDK отвора 6000+ TS / JS API можности.

Huawei истакна дека новиот HMS Core 6 е претставен претходно оваа година, а сега ќе биде отворен за програмерите и имплементација на вкрстените OS можности. Тоа значи дека ќе им користи на оние кои се навикнати на апликации кои не се во AppGallery, a ги сакаат доколку се префрлат на Huawei уред.