Прв пат во неколку години, Instagram внесува промени во својот почетен екран. Компанијата објави дека ги додава Reels и Shop табовите, со кои ги истакнува своите приоритети во следниот период.

Reels е дел посветен на кратките видео клипови, што е нешто што е видено на апликацијата TikTok и претставува директна конкуренција на популарната социјална мрежа. Од друга страна, Shop табот, kako што вели самото име, служи за видеа во кои е можно да се купи она што се прикажува.

Двата таба сега ќе бидат поставени на видно место, така што корисниците лесно ќе можат да ги најдат. Likes табот, како и Create, каде корисниците ги снимаат фотографиите се поместуваат во горниот десен агол, покрај директните пораки. Фактот дека оваа промена прво излезе во Америка, па во остатокот од светот, говори дека веројатно таквиот почетен екран ќе се задржи и понатаму.