Intel својот засебен GPU за лаптопи го претстави во текот на октомври, а сега новите модели графички карти ги испорачува во преносните компјутери. Компанијата објави дека првите лаптопи што ги користат Iris Xe Max графичките чипови ќе бидат достапни во некоја форма, вклучувајќи ги претходно објавените Acer Swift 3X, Asus VivoBook Flip TP470 и Dell Inspiron 15 7000 моделите.
Iris Xe Max е одговор на Intel на достапните GPU решенија, какви што можат да се најдат во тенките и лесни преносни уреди. Компанијата ветува 1080p гејминг за популарните наслови, како што се Hitman 2 и Metro Exodus. Исто така, GPU е доволно паметен да може да се префрла на интегрираната графика, кога е тоа поефектно.
Видео картата може да се користи и вон рамките на игри. Новата Deep Link технологија овозможува софтверот да ги подели задачите помеѓу интегрираниот Intel GPU на Tiger Lake компјутерите и Iris Xe Max графичката карта, а ова понекогаш овозможува перформанси кои нормално би барале декстоп видео карта.
Iris Xe Max може да ги посвети сите свои ресурси на процесорот, за апликациите кои повеќе зависат од конвенционалното процесирање на содржините. Intel најавува уште повеќе лаптопи со Iris Xe Max GPU решенија за почетокот на 2021. година.