Intel Next Unit of Computing трае веќе со генерации и иако не го презема пазарот, на некој начин претставува дефиниција на минијатурен компјутер. Едноставните концепти на мала печатена плоча со пеинсталиран процесор (со интегрирана графика), кој му остава на купувачот или клиенот можност за додавање компоненти во рамкките на ограничувањето (простор за складирање, работна меморија, Wireless картичка) за многумина претставува идеална куќна и/или деловна машина.
Следната верзија на NUC концептот е NUC лаптоп. Intel го претстави NUC M15. Во прашање е тенок и лесен (помалку од 15 милиметри и 1,7 килограми) лаптоп, со екран со дијагонала од 15 инчи, изработен од алуминиум, чиј ненаметлив и едноставен дизајн делува сериозно и убедливо и им остава простор на партнерите да го „персонализираат“. Tiger Lake CPU и Iris Xe графиката претставуваат основа, на купувачот или интеграторот му останува изборот на типот и карактеристиките на изменливите компоненти.
Intel им нуди целосна поддршка на компаниите кои сакаат да го искористат M15 како основа, вклучувајќи ја и двегодишната гаранција. Овој концепт ќе им овозможи на помалите компании кои немаат развојни и производни капацитети или воопшто не произведуваат лаптопи, да им излезат на мегдан на големите компании. На почетокот на следната година би требало да биде расположлив за партнерите, а до вториот квартал, првите комерцијални примероци би можеле да се најдат во продавниците.