YouTube корисниците на Android имаат PiP (Picture-in-Picture) поддршка уште од Android Oreo верзијата, а iOS корисниците конечно ќе добијат можност да уживаат во YouTube клиповите, додека ги користат другите апликации. YouTube потврди дека PiP сега пристигнува до корисниците на YouTube апликацијата на iOS и iPad уредите.
„Picture-in-Picture им овозможува на корисниците да гледаат YouTube видео во мал мини плеер, додека истовремено работат или прегледуваат други апликации надвор од YouTube апликацијата на своите мобилни уреди. Почнавме со испорака на PiP за YouTube Premium членовите на на iOS и планираме да ја објавиме функцијата за сите iOS корисници”, стои во соопштението.
На Android, YouTube Premium не е неопходен за PiP. Овој сервис е и натаму неопходен и за Android и iOS корисниците, за да се овозможи видеото да биде пуштено во позадина само со звук.