iPhone 12 линијата пристигнува со можност за безжично полнење на екстерните додатоци, што неодамна можеше да се види во објавените FCC документи, каде што стои дека новиот уред има вградени приемници и преносници што служат за безжично полнење.

Apple оваа функционалност се уште официјално не ја најави, а се претпоставува дека е така затоа што им е наменета на додатоците што треба да пристигнат – AirPods и долгонајавуваните AirTags. Па така, новите iPhone модели покрај можноста да се полнат преку desktop WPT( wireless power transfer) полначи, имаат можност на ист начин да ги полнат и надворешните додатоци, како звучници и слушалки. Листата на теелфони што ќе ја имаат оваа функција ги вклучува и iPhone 12 mini (BCG-E3539A), iPhone 12 (BCG-E3542A), iPhone 12 Pro (BCG-E3545A) и iPhone 12 Pro Max (BCG-E3548A).

Се истакнува дека обратното безжично полнење на почетокот би можело да биде ограничено во рамките на iPhone 12 уредите, па во документите стои дека на тој начин ќе можат да се полнат само додатоците на Apple.