Новиот извештај на DigiTimes нуди детали за компактниот и буџетски iPhone SE 3 телефон. Овој извештај ги потврдува претходните наводи на аналитичарот Минг-Чи Куо, кој сугерираше дека iPhone SE 3 ќе пристигне во текот на првата половина на 2022. година со 5G поддршка.
Се очекува дека iPhone SE 3 ќе користи Apple A14 Bionic чипсет, кој моментно ја покренува iPhone 12 линијата, додека уредот ќе ги задржи спецификациите од сегментот кој е најдостапен. Исто така, се очекува и со 5G поддршка.
Изворите на DigiTimes сугерираат дека iPhone SE 3 ќе задржи сличен дизајн на својот претходник, со Touch ID сензор и физичко копче за вклучување. Се верува дека телефонот ќе го задржи 4,7-инчен екран.
Засега нема други детали за Apple iPhone SE 3 телефонот, но се верува дека ќе биде кандидат за еден од најдобрите буџетските 5G смартфони на пазарот.