Lenovo во текот на својот Tech World настан, покрај новите лаптопи, претстави и два нови Android 11 таблет уреди: Tab P11 5G и P12 Pro.
Lenovo Tab P11 5G има 11-инчен 2000 x 1200p дисплеј, а го покренува Qualcomm Snapdragon 750G процесор. Достапни се опции со 6GB RAM и 128GB простор за складирање, односно 8GB + 256GB варијанта. Тука е и microSD слотот за дополнително проширување на складирањето. На задната страна, таблетот има 13MP камера, додека од предната страна се наоѓа 8MP селфи со ToF сензор. Батеријата трае до 14 часа со едно полнење, а тука се и четири JBL звучници. Tab P11 5G поддржува WiFi-6 i 5G mreže.
Вториот таблет со Android 11 е Lenovo P12 Pro, кој исто така има WiFi-only и 5G варијанта. Таблетот има 12,6-инчен екран, со резолуција 2560 x 1600p, го покренува процесор Qualcomm Snapdragon 870. Достапни се варијанти со 6GB RAM и 128GB простор за складирање, односно 8GB RAM и 256GB простор, со microSD слот. Батеријата со едно полнење ќе понуди до 17 часа работа. Овој таблет има камери од 13MP и 5MP одзади, додека од предната страна се наоѓа 8MP и ToF сензори. Тастатурата се отстранува, а таблетот поддржува влез со помош на стајлус паметно пенкало.
Lenovo не ја објави цената и достапноста на Tab P11 5G и P12 Pro таблет уредите.