Lenovo објави неколку тизери за својот претстоен гејминг телефон Legion 2 Pro, кој ќе биде претставен на 8. април.
Телефонот ќе го краси необична предна камера, која е поставена на моторизиран издигнувачки (pop-up) механизам сместен од страна на рамката. Во прашање е 44MP сензор од 44MP, кој веројатно ќе користи pixel-binning за спојување на четири пиксели во еден, за да добијат 11MP селфи фотографии.
Главната камера на Legion 2 Pro ќе користи OmniVision 1/1,32-инчен OV64A сензор, со 64MP резолуција, што треба да овозможи 16MP фотографии. Покрај тоа, камерата ќе може да снима 4K видео @120fps и 8K @30fps.
Lenovo објави и тизер за системот на ладење со два вентилатори кај моделот Legion 2 Pro, кој ќе има twin-turbo вентилатори. Тука е и специјално дизајнираната комора со течно ладење помеѓу вентилаторите, што ја одведува топлотата од чипсетот.
Досега дознавме дека Lenovo Legion 2 Pro ќе има 6,92 инчен AMOLED дисплеј со освежување од 144Hz, Snapdragon 888 чипсет, до 16GB LPDDR5 RAM и батерија од 5500mAh со поддршка за 90W полнење.