Производителите на лаптопите обично имаат мисија да ја намалат тежината, но и да ја задржат издржливоста на своите уреди, што значи дека треба да направат добар избор на материјали што ги користат за креирање на куќиштето. За Lenovo, тоа е една од главните карактеристики на премиум конвертибилните лаптопи, за кои компанијата тврди дека се „најтенките модели на ThinkPad досега“ а користат титаниум.
Lenovo X1 Titanium Yoga е тенок само 11 милиметри и има 13,5-инчен дисплеј, кој малку троши и нуди поддршка за Dolby Vision HDR и Dolby Atmos стандардите. Покрај тоа, лаптопот е еден од првите што го поддржуваат Dolby Voice, за звукот да се исчисти во текот на видео конференциите.
Покрај овој модел, во новата линија на лаптопи се наоѓа и ThinkPad X12 Detachable, кој има 12,3-инчен дисплеј што може да се одвои и поддршка за пенкало. Тука се и ThinkPad X1 Carbon и X1 Yoga, кои ги карактеризираат 16:10 дисплеи со филтри за сина светлина. X12 Detachable моделот има поддршка и за Dolby Voice.
Сите конвертибилни лаптопи на Lenovo, претставени во текот на CES 2021 саемот, имаат опција за надградба на 4G/5G модем, како и WiFi 6 за подобра мобилна конекција. Комплетната линија ги користи новите процесори на Intel од 11. генерација во комбинација со интегрирани Xe графички карти. Секој од моделите има и сензор за отпечатоци од прсти во копчето за вклучување, како и подобрена вкупна безбедност.
Lenovo X1 Titanium Yoga и X12 Detachable ќе бидат пуштени во продажба овој месец, со почетни цени од 1.899 и 1.149 долари. X1 Carbon и X1 Yoga пристигнуваат во февруари, по цена од 1.429 и 1.569 долари за основните модели.