Според последните информации на Korea Economic Daily засновани на индустриски извори, компанијата LG ќе ја одложи објавата на својот прв 42-инчен 4K OLED TV, која би требало да се одржи во текот на CES 2022 конференцијата.

Новите телевизори кои се оптимизирани за гејминг на конзолите од следната генерација, ќе бидат објавени заедно со остатокот од LG линијата за 2022. година, за за да се „максимизираат маркетиншките напори на компанијата“, наместо подоцна во текот на оваа година.

Најмалиот ТВ модел, кој LG моментно го нуди во својата OLED линија има големина од 48 инчи, а компанијата се надева дека новиот 42-инчен ТВ ќе им биде попримамлив на гејмерите. LG OLED линиите се веќе популарни кај гејмерската популација, благодарение и на функциите како што се 4K 120Hz HDR поддршка со G-SYN, со HDMI 2.1.