Mac mini компјутерот на компанијата Apple е со релативно мали димензии. Меѓутоа, еден корисник на YouTube одлучи овој уред да го направи уште помал.

Квин Нелсон од тимот на Snazzy Labs го модификуваше Mac mini и го намали за 78 проценти. За да го оствари ова, Нелсон мораше да отстрани еден од главните елементи кои заземаа простор во Mac mini, а то а е напојување од 150W.

По отстранување на напојувањето, го замени со 65W напојување од Microsoft Surface, го поврза со MagSafe 2 конектор и го поврза на DC регулатор на напон, кој води до логичката плоча на Mac mini компјутерот.

Една од причините поради која е куќиштето поголемо, е да се овозможи подобро ладење. Тоа значи дека помалото куќиште ќе биде и помалку ефикасно, а со цел тоа да се премости, Нелсон отпечати 3Д куќиште и имплементираше дизајн со отвори каков што има Mac Pro, а сето тоа да се овозможи подобар проток на воздух.

Нелсон објави и водич, кој на заинтересираните може да им помогне да го модифицираат својот Mac mini.