Од компанијата Meta соопштија дека е отстранет техничкиот проблем поради кој денес накратко беа недостапни социјалните мрежи Facebook и Instagram.

Дел од корисниците пријавија дека апликациите не им се вчитуваат, додека други имаа проблеми со освежување на почетната страница и објавување содржини.

Од Meta потврдија дека дефектот е решен и дека двете платформи повторно функционираат нормално.