Компанијата Microsoft одлучи да им дозволи на своите работници трајно да работат од дома, но оние кои ќе се одлучат да го сторат тоа ќе мора да се откажат од работниот простор во просториите на американскиот гигант, пренесе информативниот сајт специјализиран за технологија The Verge.

Во ситуација кога огромното мнозинство на работници во Microsoft работат од дома поради пандемијата на Ковид-19, производителот на софтвер интерно претстави насоки за „хибридно работно место“ за да овозможи поголема флексибилност кога ќе се отворат канцелариите во САД.

До 30 јуни во интернет гигантот биле вработени 163.000 лица, од кои 96.000 во САД.

Microsoft ќе им овозможи на вработените да работат од дома помалку од 50 проценти од работната недела, а менаџерите ќе може трајно да работат од далечина”, пишува The Verge.

Microsoft го прифати тој систем на работа започнат во технолошкиот сектор, како и Facebook кој одобри постојана работа од дома.