Хакерската група што стои зад нападот врз американската софтверска компанија SolarWinds, извршен лани, сега се насочила кон владини агенции, аналитички центри и невладини организации. Информацијата ја објави компанијата Microsoft.

„Оваа недела забележавме кибер напади од страна на Нобелиум насочени кон владини агенции, аналитички центри, консултанти и невладини организации“, објавиMicrosoft во блогот.

Nobelium, со потекло од Русија, е истиот актер кој стои зад нападите врз клиенти на SolarWinds во 2020 година, соопшти Microsoft.

„Овој бран напади имаше за цел околу 3.000 имејли во повеќе од 150 различни организации“.

Најголем дел од нападот е кон цели во САД, додека ќжртви се и во уште најмалку 24 земји, соопшти Мајкрософт. Најмалку четвртина од таргетираните организации се вклучени во меѓународен развој, хуманитарни прашања и работа со човекови права, наведе Microsoft во блогот. Нобелиум ги почнале нападите оваа недела со упад во меркетинг налогот на Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) и од таму извршувајќи напади со фишинг врз многу други организации, соопшти Microsoft.