Motorola претстави три нови смартфони во рамките на средниот сегмент на пазарот: Moto G Stylus (2021), Moto G Power (2021) и Moto G Play (2021).

Moto G Stylus (2021) има 6,8-инчен 1080p дисплеј, со push-pen пенкало што може да се смести во самиот уред. Телефонот го покренува Snapdragon 678, со Android 10, a достапна е само една конфигурација на меморија и простор за складирање: 4GB+128GB (со microSD слот за оние на кои им е потребно повеќе). Батеријата има капацитет од 4000mAh, со поддршка за 10W полнење.

Системот на камери на задната страна вклучува 48MP главен сензор (f / 1,7, 0,8 µm), 8MP ултраширок (118°), 2MP макро и 2MP сензор за длабочина. Главната камера може да снима 4K @ 30 fps видео. Од предната страна се наоѓа 16MP камера.

Телефонот е изработен од пластика и има дизајн што ја одбива водата. Сензорот за отпечатоци од прсти е сместен од страна на рамката. Moto G Stylus (2021) е достапен во продажба, по цена од 300 долари.

Moto G Power (2021) пристигнува со 5000mAh батерија и поддршка за 15W полнење (во пакувањето пристигнува 10W полнач). Телефонот го покренува Snapdragon 662 чипсет, со 3GB/4GB RAM и 64GB простор за складирање што може да се прошири.

Екранот има 720p резолуција, додека главната камера од 48MP на задната страна е ограничена на снимање 1080p видео. Покрај главниот, тука се и 2MP макро сензорот и 2MP сензорот за длабочина.

Новиот G Power ќе се најде во продажба од 13. јануари, по цена од 250 долари.

На крајот го имаме Moto G Play (2021), кој е и најдостапен, со цена од 170 долари. За оваа цена се добива 6,5-инчен IPS LCD екран со 720p резолуција, Android 10, Snapdragon 460 чипсет, 3GB RAM и 32GB проширлив простор за складирање.

Овој модел има и 5000 батерија. Секторот за камери го покриваат главниот 13MP сензор на задната страна (1080p @60 fps видео) и 2MP сензор за длабочина, како и 5MP селфи камера.