MSI претстави два нови заоблени монитори за игри во рамките на својата Optix AG серија. Моделите Optix AG321CR и AG321CQR имаат 32-инчен дисплеј, закривеност од 1500R и брз одзив.

Optix AG321CR има VA панел, со Full HD резолуција, брзина на освежување 165Hz и 1ms MPRT одзив. Овој 8-битен панел нуди контраст 4000:1, има 250 нита осветлување и опфаќа 120,25% sRGB и 94,55% од DCI-P3 спектарот на бои. Од приклучоците, мониторот има HDMI 2.0 приклучок, HDMI 1.4 порт, DisplayPort 1.3 интерфејс, USB-B 2.0 порт и 3.5 мм приклучок.

Optix AG321CQR доаѓа со VA панел и QHD резолуција, 165Hz брзина на освежување и Optix AG321CQR. Панелот има 10-битна длабочина на бои (8-битна + FRC) и контраст од 3000: 1. Нивото на осветленост е 250 нита, со покриеност на бои од 124% за sRGB и 98% за DCI-P3. Опциите за поврзување се слични како кај моделот Optix AG321CR, со тоа што има два HDMI 2.0 порта и USB-B 3.0 приклучок.

Двата монитора нудат Night Vision, AMD FreeSync Premium, anti-flicker технологија против треперење, намалена емисија на сина светлина, MSI Mystic Light RGB LED прстен на задната страна и поддршка за VESA 75×75 мм монтирање. Цената и достапноста на новите закривени MSI Optix AG монитори  не е објавена.