NASA ја избра SpaceX, компанијата на Елон Маск, за изградба на вселенско летало што ќе ги одведе луѓето на Месечината во текот на оваа деценија.

Леталото ќе го однесе следниот маж и првата жена до лунарната површина во рамките на програмата Artemis.

Леталото се базира на вселенското летало Starship на SpaceX, кое се тестира на локација во Јужен Тексас. Новото возило ќе биде познато под името Human Landing System (HLS).

Вкупната вредност на договорот доделен на компанијата на Маск изнесува 2,89 милијарди долари. SpaceX се натпреваруваше против заедничката понуда на вселенските гиганти и основачот на Amazon, Џеф Безос, како и компанијата Dynetics со седиште во Алабама.

„Со оваа награда, NASA и нашите партнери ќе ја завршат првата демонстративна мисија со екипаж на Месечината во 21 век, додека агенцијата прави чекор напред за рамноправност на жените и долгорочно истражување на вселената“, изјави Кети Луедерс од NASA.

Како што додаде, овој чекор го носи човештвото на пат кон одржливо истражување на Месечината и го насочува кон нови мисии во Сончевиот систем.

Програмата Artemis, започната под администрацијата на Трамп, имаше за цел враќање  наповршината на Месечината во 2024 година. Но, недостатокот во финансирањето на  системот за слетување ја направи таа цел недостижна.