Стриминг платформата Netflix им овозможи на своите корисници да ги отстранат несаканите поврзани уреди од нивните профили.
Новата опција моментално е достапна главно на iOS и Android уредите, а корисниците сега преку своите профили можат да видат кои уреди користат Netflix и да видат дали има неправилности. Доколку сакаат, корисниците можат да отстранат одреден уред со едноставно избирање на опцијата „Sign Out“.
Опцијата се наоѓа во менито Account Settings, т.е. во секциите Security & Privacy и Manage acces and devices.
Ова е уште еден начин на кој Netflix се обидува да се бори против споделувањето код пред на крајот да ги преземе работите во свои раце. Опцијата е достапна само на мобилни уреди, а не се знае кога корисниците на десктоп и ТВ апликации ќе ја добијат.