Денес можеби не е лидер, но секако, Nissan беше еден од пионерите на електричната мобилност во текот на 21 век во Европа. Моделот Leaf беше најпродаваниот електричен автомобил во светот долго време, сe додека титулата не ја презедоа некои помлади и поталентираните конкуренти.

Nissan Leaf на сцена во Европа се појави во 2011 година, и оттогаш, до клиентите од првата и втората генерација на овој автомобил се изпорачани 208.000 примероци. Кон оваа бројка треба да се додадат и 42.000 единици од лесното комерцијално возило e-NV200, што секако не е мала бројка за овој сегмент.

Сепак, иако Nissan беше меѓу првите кои се впуштија во електричната трансформација, долгогодишното неинвестирање во овој сектор доведе до тоа Nissan одамна да ја загуби водечката позиција на Стариот континент.

Наскоро ќе се обидат да се вратат на старите патеки на славата, но овој пат со лансирање на нов електричен SUV модел – Ariye. Првите примерoци од овој кросовер со батерии ќе започнат да пристигнуваат на европскиот континент кон средината на следната година. Нарачките за новитетот најпрво ќе бидат прифаќани во Норвешка. Всушност веќе и започнаа.