Иако нема гаранција дека оваа технологија ќе добие зелено светло за производство, концептниот смартфон изгледа интересно.

Се работи за уредот „облечен“ во материјал под назив ECMF (Electronic Color Material and Finish) кој содржи метален оксид, а кој се активира под погон.

Резултатот е менување на бојата на стаклото од темно сина во светло сребрена боја.

„Кога станува збор за боите, нашите дизајнери се инспирирани од минералните извори Памуккале во Турција“, соопштија од компанијата OnePlus.

Смартфонот се менува и кога имате дојдовен повик, а со помош на mmWave технологијата може да се детектира дишењето на корисникот и со тоа да се синхронизира и промената на бојата.

Извор: Klix.ba