Сајтот 91mobiles истакнува дека дошол до CAD рендерите на OnePlus 9 телефонот, што откриваат некои од главните дизајнерски избори кои компанијата OnePlus ги имплементирала во својот следен премиум телефон.

Рамниот дисплеј, испакнување за камерите во аголот на задната страна, како и punch-hole делфи камерата ќе бидат позајмени во 8T моделот. OnePlus 9 би требало да има поголем екран од постоечкиот 6,55-инчен OLED, како и систем на камери на задната страна, кој е сличен на оној на Galaxy Note20 серијата. Фотографиите покажуваат две поголеми главни камери, како и помала трета.

Се уште доста работи се непознати кога е во прашање внатрешниот хардвер на телефонот, Претходните гласини сугерираа дека OnePlus 9 ќе користи Snapdragon 875 чипсет, дека ќе има 120Hz освежување на дисплејот и дека ќе биде достапен во стандардна и Pro верзија.