Објавата на OnePlus 9 серијата се очекува во март, 2021. година, што е порано од вообичаеното. Сеа извештаите сугерираат дека OnePlus9 серијата нема да вклучува два, туку три модели.

Стандардниот модел ќе ја има ознаката LE2110, додека OnePlus 9 Pro ќе ги има ознаките на модели LE2117, LE2119 и LE2120 (во зависност од регионот). Забележан е и LE2127 модел, кој би можел да биде мистериозен трет уред.

Покрај ова, на Weibo страниците е појавија спецификации за OnePlus 9. Се очекува дека OnePlus 9 серијата ќе го користи новиот 5nm Snapdragon 875 чипсет, ќе има освежување на екранот од 144Hz, IP68 заштита, поддршка за 65W брзо полнење и Android 11 од самиот старт.

Телефонот ќе пристигне со punch-hole отвор за селфи камерата, ќе има 5G поддршка, Wi-Fi 6, Bluetooth, GPS и USB Type-C порт за полнење на уредот и пренос на податоци.