Компанијата OnePlus заедно со новиот телефон Nord 2 5G ги претстави и своите први слушалки од Pro линијата – OnePlus Buds Pro. Pro ознаката доаѓа со поддршка за активно намалување на бучавата (ANC), благодарение на три вградени микрофони на секоја слушалка, кои можат да намалат do 40dB опкружувачки звук.

Buds Pro го краси дизајн во два тона, со матиран дел кој оди во ушите и сјајна рачка. Слушалките доаѓаат во класична црна и бела боја. Имаат драјвери од 11 мм и поддршка за Dolby Atmos. Спарувањето со мобилните уреди се врши преку Bluetooth 5.2, а OnePlus истакнува дека нивото на заостанување е до 94ms.

Работниот век на батеријата на слушалките е 10 часа за самите слушалки (без ANC), додека футролата за полнење го продолжува тоа за уште 33 часа. Полнењето се врши преку USB-C конекција или безжично преку кој било компатибилен Qi полнач. Buds Pro имаат и IP55 отпорност на пот и прашина.

OnePlus Buds Pro слушалките ќе се продаваат во Европа од 25 август, по цена од 150 евра.