Досега слушнавме доста информации за објава на нови телефони со флексибилен екран во текот на оваа година од различни производители, а меѓу нив ќе биде и компанијата Oppo.
Сега новите гласини од Кина сугерираат дека се очекува компанијата својот прв флексибилен уред да го објави во текот на второто тримесечје, кое почнува во април и завршува во јуни. Се верува дека ова ќе биде склоплив телефон, а не модел што се развлекува, како Oppo X 2021 концепт што беше претходно прикажан.
Покрај Oppo, оваа година се очекуваат и телефони со флексибилни екрани на други компании, како што се Xiaomi, Vivo и Google. Huawei веќе го претстави својот Mate X2 флексибилен модел за оваа година, додека од Samsung се очекуваат Galaxy Z Fold3 и Z Flip3 во некој период во текот на 2021. година.