TAG Heuer Carrera Porsche Chronograph внесува донесува апсолутен новитет во светот на часовниците.
Ако мислевте дека сè е измислено во светот на часовниците, се лажете. Првиот часовник создаден во нова соработка помеѓу реномираните производители на автомобили и часовници е дефинитивно нешто што може да стане вистински хит.
Изгравираниот натпис Porsche е видлив на работ, а препознатливиот фонт се користи и за временските ознаки. Боите на Porsche, црвена, црна и сива – кои исто така потсетуваат на историските модели на Tag Heuer – се вградени во часовникот, а преку транспарентната кристална позадина е јасно видлива осцилирачката маса редизајнирана како оддавање почит на прославениот волан на Porsche. Содржи натписи Porsche и Tag Hauer.
Површината која изгледа како асфалт, е создадена специјално за овој часовник и изразува страст кон патот, додека арапските бројки потсетуваат на броевите на таблата со инструменти на спортските автомобили на Porsche. Часовникот доаѓа на мек ремен изработен од луксузна телешка кожа и иновативни споеви што потсетуваат на ентериерот на Porsche или на ремен од меѓусебно поврзани делови кои одржуваат модернизиран тркачки дизајн.
Во центарот на часовникот е интерно развиен механизам за придвижување на Caliber Heuer 02 со импресивна 80-часовна резерва на енергија. Верзијата со кожен ремен чини 5.550 евра, додека изборот на метален ремен значи цена од 5.700 евра.
Извор: Index.hr