Qualcomm во текот на оваа недела го претстави својот најнов премиум чипсет, под името Snapdragon 888. Од компанијата се очекува и нов модел од горниот среден сегмент, но ништо официјално за ова не дознавме во текот на Qualcomm Tech Summit.

Сега дојавувач на Weibo странциите објави дека новиот чипсет ќе биде претставен во текот на првото тримесечје на 2021. година, а на пазарот ќе почне да се испорачува веднаш по првата објава.

Новиот 7-series Snapdragon чипсет на компанијата Qualcomm би требало да биде главна конкуренција на Samsung 5nm Exynos 1080 чип со 5G модем и MediaTek MT6893 платформата – чип од горниот среден сегмент, креиран во 6nm процес кој само што би требало да биде објавен.

Засега речиси ништо не се знае за Snapdragon 7xx чипсетот, освен ознката на модел SM7350 и кодното име Cedros. Прототипот на платформата на AnTuTu тестот оствари резултат одд 530.000 поени, што значи дека има значајно подобри перформанси од Snapdragon 765G, но и натаму ќе биде зад SD865 моделот, кој на истата платформа остварува преку 600.000 поени.