Веќе знаеме дека Realme планира да влезе на пазарот на Android таблет уредите, а имавме и неофицијални тизери за претстојниот Realme Pad. Сега се појавија неофицијални фотографии, кои наводно го прикажуваат таблетот во акција.
Фотографиите ја прикажуваат предната страна и задната страна на уредот, иако не се работи за фотографии кои нудат висока резолуција. Задната страна делува како да е од алуминиум или некои други легури на метали, а видлив е еден сензор за камерата. Страните на таблетот се заоблени по рабовите, како што сугерираа и претходните тизери.
Од предната страна, Realme Pad има нешто поголеми горни и долни рамки, иако не е сигурно дали ова ќе биде конечниот дизајн на уредот. Се очекува дека таблетот од старт ќе има поддршка за Android 11 и подлабока интеграција со AIoT производите на компанијата Realme.