Генералниот менаџер на Redmi брендот, Лу Веибинг на страниците на Weibo објави дека компанијата сака да произведе компактен теелфон. Во последно време, поголем дел од смартфоните од средниот сегмент имаат дисплеи со големина над шест инчи. Тоа значи дека Redmi би можел да креира телефон со екран помал од шест инчи.

Веибинг тврди дека помалиот телефон би имал и помала батерија. Корисниците што би биле заинтересирани за купување на помал Redmi телефон би морале да бидат подготвени и на некои компромиси кога се во прашање спецификациите.

Засега нема информации за името и карактеристиките на компактниот Redmi телефон, но тој би можел да биде објавен како Redmi Mini. Доколку биде претставен, би можел да му биде достоен ривал на iPhone 12 mini моделот.

Redmi моментно работи на неколку смартфони, а се очекува дека на 27. октомври во Кина ќе го претстави Redmi K30S. Фановите на Redmi нестрпливо го очекуваат и доаѓањето на Redmi Note 10 серијата, која би можела да биде објавена во ноември.