Nvidia сега GPU решнија и за професионалните корисници кои сакаат да ја испробаат новата Ampere архитектура, а во прашање се моделите RTX A6000 и A40.

Во прашање се две моќни графички карти, кои лесно ги надминуваат можностите на RTX 3090 моделот, со своите 10.752 CUDA јадра и 48GB видео меморија. Секако, се работи за наследниците на претходните RTX 8000 и 6000 Quadro графички карти. Nvidia овојпат ја исфрли Quadro ознаката, но самото име нема да им биде од значење на оние кои бараат перформанси од професионалниот сегмент.

Nvidia се уште не ги објави брзините на тактот, како ни останатите спецификации, но знаеме дека користат GA102 графички процесор. Моделот A40 е целосно пасивно ладен и користи побавен 14.5 Gbps мемориски такт. Графичките карти имаат и побавен GDDR6 RAM во споредба со GDDR6X на потрошувачките модели од 3000 серијата.

Како и обично, овие видео карти не се наменети за широката потрошувачка публика, но ќе му бидат примамливи на секој што бара моќен GPU за професионална работа. Nvidia во видео картичките имплементирала три DisplayPort конектори. RTX моделот ќе биде достапен од декември, додека A40 проистигнува на почетокот на следната година.