Иако Samsung одлично работи на воведување на најновите безбедносни исправки на своите најнови уреди, компанијата во исто време ги отстранува постарите телефони од својот билтен со сигурносни исправки. Во февруари оваа година, Samsung од листата на безбедносни ажурирања отстрани четири смартфониод 2017. година – Galaxy J3 Pop, Galaxy A5 2017, Galaxy A3 2017 и Galaxy A7 2017. Неговиот водечки телефон од 2017. година, Galaxy S8 сега го добива истиот третман.
Samsung го претстави Galaxy S8 во март 2017. година, со Qualcomm Snapdragon 835 или Exynos 8895 чипсет, 5,8-инчен AMOLED екран, една примарна камера од 12MP и батерија од 3.000mAh. Телефонот е лансиран со Android 7.0 Nougat оперативен систем, но доби двет надградби на OS. Samsung во 2019. година на овој уред го претстави One UI интерфејсот заснован на Android 9.0 Pie, а тој минатиот месец е деградиран од месечниот распоред на ажурирања на квраталниот распоред на надградби.