Samsung и Google имаат нов сериозен конкурент во светот на преклопните телефони.

Motorola на CES го претстави својот прв телефон што се преклопува странично – Razr Fold.

Уредот доаѓа со голем надворешен екран од 6,6 инчи и флексибилен главен екран од 8,1 инчи, објавува Engadget.

Иако димензиите сè уште не се познати, потврдена е поддршка за Moto Pen Ultra пенкалото, што е значајна предност во однос на конкуренцијата, особено откако Samsung ја отстрани поддршката за S Pen од моделот Z Fold 7.

Razr Fold има моќен систем на камери: главен сензор на Sony од 50 MP, ултраширока/макро камера од 50 MP, телефото камера од 50 MP, надворешна селфи камера од 32 MP и внатрешна камера од 20 MP, со снимање во Dolby Vision формат.

Телефонот ќе биде достапен во сина и бела боја, додека информациите за цената, хардверот и достапноста ќе дојдат подоцна.